"Now! Visual Culture", New York University, May 31-June 2 2012
"Визуелна култура, сега!" е прва средба на Меѓународната асоцијација за проучување на визуелната култура– International Association for Visual Culture Studies. Целта на овој настан е во најшироки можни рамки да се прикажат различните пристапи кон практикувањето на визуелната култура во светот.
Учесниците ќе имаат можност да ја почувствуваат, но и да ја креираат трансформацијата на ова проучувачко поле, започната со интеракцијата помеѓу филмските студии и историјата на уметноста (во 90-тите години на минатиот век), а денес надополнета со интерсекцијата помеѓу Web 2.0, иконологијата, современата уметничка практика и критичките визуелни студии.
Ecologies of the Visual: the Third Visual Culture in Europe Meeting, Trondheim, September 6–7 2012
Третата конференција на научно-стручната мрежа за визуелна култура во Европа - Visual Culture in Europe-Network (VCinE) ќе се одржи на 6. и 7. септември, 2012 година, во Трондхајм, Норвешка. Домаќин на настанот ќе биде Норвешкиот универзитет за наука и технологија (Norwegian University of Science and Technology, Trondheim, Norway).
"Екологии на визуелното" е темата на првиот работен ден на средбата. Вториот работен ден е предвиден за претставување предлог-проекти за заедничка соработка, како во рамките на постоечките така и од новодојдените членови и организации заинтересирани за соработка.
За учество на конференцијата поопширно тука
Визуелизирање на Европа на Универзитетот во Барселона
Втората конференција на научно-стручната иницијатива под наслов Visual Culture in Europe (VCE) ќе се одржи на 11. и 12. април 2011. во Шпанија, на Универзитетот во Барселона. После првата конституирачка конференција одржана 2010. во Лондон, на Универзитетот Вестминстер, вториот по ред собир има за цел да се посвети на специфичните проблеми на европскиот културален простор во контекст на новата научна и теориска парадигма што ја понудија визуелните студии. Организаторите ги канат сите заинтересирани теоретичари на визуелната култура, професори, студенти, кустоси и визуелни уметници со своето учество во вид на предавања, презентации или на округла маса да се обидат да дадат свој придонес преку одговори на следниве прашања: На кој начин визуелната култура учествува во преобликувањето на Европа? Какви сѐ интеркултурални предизвици се појавуваат во рамките на визуелното по проширувањето на Европската Унија кон земјите од Источна Европа? Со кои средства и со каков успех „малите“ европски земји и „малите“ европски јазици го остваруваат просторот на сопствениот визуелен, културален и национален идентитет?
За учество на конференцијата поопширно тука (ПДФ, 37 кб).
Images – Journal for Visual Studies повикува на учество во првиот број
Првиот on-line магазин за визуелни студии во овој дел на Европа IMAGES објавува повик за учество во првиот број. Главна тема ќе биде After visual (studies) turn: What happened to pictorial representation. Сите пристигнати текстови ќе бидат рецензирани од страна на меѓународни стручњаци од подрачјето на визуелните студии, филмологијата, историја на уметноста, социологијата, медиологијата и други дисциплини со цел да се обезбеди највисоко научно ниво на објавените текстови. Се радуваме на вашата соработка! Поопширно за мрежната публикација IMAGES и за повикот за учество можете да прочитате на страната на магазинот.
Прв дел од проектот Visual Culture Studies in Europe:
научен собир на Универзитетот Вестминстер
Центарот за визуелни студии е поканет да учествува во научно-истражувачкиот проект насловен Visual Culture Studies in Europe. Станува збор за прва систематска иницијатива којашто би требало да го одреди статусот и границите на визуелните студии на Стариот континент и да се приклучи кон најсовремените облици на проучување на визуелните феномени денес. Оваа покана беше поттикната како од енормниот развој на медијализираните визуелни искази и се поизразената доминација на американската школа за визуелни студии, така и од сегашните но и поранешни проекти на Центарот коишто не легитимираат како компетентни соработници. Повеќе