цвс_центар за визуелни студии    www.vizualni-studiji.com
 

Изданија

Соња Бриски Узелац, Визуелен текст

"Соња Бриски Узелац го соочува читателот со "случувањето" на современоста низ пресеците на уметноста и културата, поточно во полето на нивното неразликување. Авторката нè води кон прашањата за суштинската промена на карактерот на уметноста, која сè повеќе станува дел од културолошките практики. Поврзувачкото ткиво на овие прецизно изведени анализи претставува проблемот на интердисциплинарниот пристап кон теоретизацијата на новите парадигми на сликата (уметничка). Книгата не нуди "клуч" за читање на современата теорија на сликата, туку преку низа пристапи што потекнуваат од различни научни и филозофски традиции отвора нови можности за сингуларни интерпретации на сликата и на визуелноста денес."

Д-р сц. Мишко Шуваковиќ, Факултет за музички уметности и интердисциплинарни студии, Белград

Преземи ја книгата

Жарко Паиќ, Визуелни комуникации

Жарко Паиќ го анализира начинот на кој современата современата уметност, науката и хуманистичките дисциплини исчезнуваат пред логиката на информатичкото доба – низ дигиталното естетизирање на светот. Несомнената теоретска луцидност и креативност на авторот се состои во тоа што меѓу првите во Хрватска, а веројатно и пошироко, го отвори просторот за изучување на односот помеѓу филозофијата и сликата, медиумите и новите медиуми, на специфичен, условно кажано, постметафизички начин.

Преземи ја книгата